Утрински Весник
Македонија

Демократскиот сојуз: Неквалификувани партиски кадри раководат со јавни претпријатија

Демократскиот сојуз: Неквалификувани партиски кадри раководат со јавни претпријатија
Dik 300x250 mk

Демократскиот сојуз загрижен во врска со како што велат од оваа партија, неодамнешното назначување на поранешен келнер за нов генерален директор и претседател на Управен одбор на Македонски Железници Транспорт АД-Скопје.

dobivaj vesti na viber

Сметаме, додаваат од партијата на Трајанов, дека раководните позиции во јавните претпријатија мора да бидат пополнети со професионалци со долгогодишно искуство, знаење и висок степен на професионалност и интегритет.

Ја повикуваат Владата да ја преиспита својата одлука и да почне да применува транспарентен и мерит процес на селекција при сите именувања во јавните претпријатија.

„Владата мора да даде приоритет на компетентноста, стручноста и интегритетот при изборот на поединци за такви позиции. Политичката припадност не може и не смее да биде главен критериум при вработување или поставување на раководна позиција.
Граѓаните очекуваат со јавните претпријатија да раководат врвни професионалци, одговорно и транспарентно.

Од суштинско значење е Владата преку поставување на носители на јавни функции да води сметка за нивната компетентност, стручност и интегритет.

Некомпетентното раководство има негативно влијание и врз успешноста на претпријатието, а тоа има одрз и врз земјата во целина. Лошото одлучување ќе доведе и до дополнителни финансиски загуби и намалени јавни услуги“, се додава во нивното соопштение.

Оваа пракса, како што појаснуваат, прави огромна штета на угледот на претпријатието и државата во целина, а младите кадри ја напуштаат земјата.

Демократски сојуз инсистира на поголема одговорност во процесот на именување и назначување на функционери, транспарентен процес и цврсти критериуми.

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор