Утрински Весник
Македонија

Левицата: ДУП-от изгласан од ДПМНЕ и СДСМ за Пуцко Петрол укинат на Уставен

Левицата: ДУП-от изгласан од ДПМНЕ и СДСМ за Пуцко Петрол укинат на Уставен

На денешната седница на Уставниот суд на Република Македонија беше укината Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт З 04 блок 04.05. Се работи за деталниот урбанистички план за делот кај СЦ „Борис Трајковски“ во јавноста познат по спорната бензинска станица на Пуцко Петрол, компанија блиска до структурите на ДУИ, велат од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП, не е во согласност со ГУП.

За овој ДУП минатата година гласаа советниците на ДПМНЕ, СДСМ и ГРОМ додека советничката група на Левица беше против истиот, предупредувајќи дека зад истиот се кријат единствено бизнис интересите“, подвлекуваат во соопштението од оваа партија.

Укинувањето на овој урбанистички план, како што додаваатм на виделина ја исфрли и лицемерната локална политика на ДПМНЕ кои во Општина Карпош гласаат ДУП-ови во интерес на сомнителни бизнис субјекти, но не и ДУП-ови во интерес на карпошани.

Можете да прочитате

Четири креативни работилници за деца, Саем на книга и доделување на наградите на „Литера 2024“

АПЕЛИРАМЕ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела, локално по силно невреме во Македонија

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“