Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: На пироманите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица нема да им дозволиме уназадување на европска Македонија

Kовачевски: Прашањето со парно греењето уште не е решено, се бара решение

СДСМ од денеска е на терен, рамо до рамо со граѓаните започнуваме со интензивни активности, рамо до рамо со народот до победа, истакна претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски промовирајќи нова капмања на партијата на власт.

dobivaj vesti na viber

„Рамо до рамо со народот заради подобра иднина на државата а не затоа што наредната година ќе има избори“, рече Ковачевски.

Ковачевски со оценка дека власта успешно се справила со кризната и тешка година „ниту фалеше храна, ниту струја“, додаде тој.

„Со деструктивната континуирана омраза на опозицијата преку апокалиптични сценарија за колапс, граѓаните денеска прават разлика кој седи на страна и блокира а кој менаџира процеси во криза“, истакна Ковачевски.

„Деструктивниот потпалувачки опозициски наратив под секое ниво не е добар за општеството, и има з=само една цел да ја уназади европска Македонија. Но ние тоа на пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме. СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и ќе ги разобличиме промашените пропаганди, ќе го трасираме победничкиот пат и заедно ќе го поразиме евтиниот популизам“, додаде Ковачевски.

Можете да прочитате

За 24 часа уапсени 11 возачи низ Македонија

Две жени тешко повредени откако со автомобил излезале од патот кај Ресен

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка