Утрински Весник
Свет

(Видео) Со секира упаднал во градинка во Бразил и убил четири деца

(Видео) Со секира упаднал во градинка во Бразил и убил четири деца

Четири деца загинаа откако маж со секира се качил на ѕидот од детска градинка и го извршил шокантниот напад во Бразил пред да се предаде.

dobivaj vesti na viber

Неименуваниот 25-годишен маж пристигнал во предучилишната установа во Блуменау, во јужен Бразил, со мотор пред да ги нападне децата кои биле во паркот зад училиштето.

Се наведува дека петтото дете е во тешка состојба, додека тројцата повредени се префрлени во болницата Санто Антонио.

Болницата потврди дека примила деца на возраст до две години.

Медиумите јавуваат дека напаѓачот и се предал на полицијата.

Можете да прочитате

Автобус се преврте во Рио 10 лица загинати

Шест лица загинаа во украински ракетен напад во Белгородската област

Стампедо во храм во Индија, седум лица загинаа