Утрински Весник
Македонија

Левицата: Ковачевски и Мицкоски немаат легитимитет да го менуваат Уставот

Мицкоски по обвинувањата на Ковачевски: Веднаш да достави докази, ако е така се повлекувам од политиката

Откако Христијан Мицкоски го премолчи неуставното воведување на двојазични униформи, деновиве јавноста е сведок на ретерирање од првичните ставови дека никаква промена на Уставот нема да поддржат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти политичката партија Левица.

dobivaj vesti na viber

„Иако ВМРО-ДПМНЕ знае дека барањата на официјална Софија се вметнување на Бугарите во Уставот како конститутивен народ, под изговорот хрватска преамбула, Мицкоски ја отвора можноста за седнување на маса и промена на Уставот под бугарски диктат.

Токму Мицкоски тврдеше дека неговата партија нема да поддржи никакви уставни измени и дека не може да се преговара додека нема реципроцитет со Македонците во Бугарија. Политичка незрелост е да се очекува дека официјалната бугарска политика ќе ретерира од своите неоврховистички барања, со оглед на фактот дека бугарската политика кон Македонија не е промената од времето на Тодор Живков!

Дури и ЕУ-експерти предупредија дека со внесување на Бугарите во Уставот се отвора можност за Бугарија да се повикува на меѓународни конвенции за заштита на националните малцинства и официјална Софија да наоѓа оправдувања да го кочи пристапниот процес на Македонија во ЕУ. Македонците со Бугарија не споделуваат заедничка историја затоа што бугарската фашистичка власт била окупатор и се борела против асномска Македонија, а тоа е темелот на современа Македонија.

Дополнително, искуството потврдува дека секое отворање на Уставот под диктат на странски сили било погубно за суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Промена на Уставот под притисок и уцени на други држави е флагрантно мешање во внатрешните работи на Македонија и секој политичар кој претендира да ја освои власта мора да биде свесен за ваквиот антидржавнички чин, кој е еднаков на национално предавство“, велат од Левицата преку соопштение.

Можете да прочитате

За 24 часа уапсени 11 возачи низ Македонија

Две жени тешко повредени откако со автомобил излезале од патот кај Ресен

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка