Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Почна реконструкција на платото пред Зелениот пазар

Герасимовски: Почна реконструкција на платото пред Зелениот пазар

Општина Центар продолжува со санација на оштетените плочници кај Градски ѕид. По завршената реконструкција зад Блокот 2, во тек е ревитализација на платото пред Зелениот пазар. Станува збор за замена на оштетените и искршени терацо-плочки на речиси 500 квадратни метри, кои поради дотраеноста довеле до прокиснување во подземните гаражи. Од тие причини, во овој градежен зафат е предвидено вадење на сите слоеви до армирано-бетонската плоча и поставување нова хидроизолација, порамнителен слој и нови гранитни плочки.

dobivaj vesti na viber

„Конечно, по долго време, со оваа санација плочникот ќе прерасне во современ простор, со што ќе се подобрат неговата функција и квалитетот и ќе претставува одлично место за одмор и рекреација на жителите на општина Центар“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски и истакна дека ова е само уште едно реализирано предизборно ветување.

Вкупната вредност на овој зафат е 5.093.470 денари, а санацијата ќе трае до крајот на април 2023 година. Со обновата на плочникот ќе се зголеми и безбедноста на движењето на пешаците околу Зелениот пазар, но и ќе се забрани и поставување на дивите пазарџии, кои го нарушуваа слободниот простор за пешаци и ги узурпираа јавните површини.

Можете да прочитате

Редакција на ИРЛ со фрапантни откритија за злоупотреба на брзи кредити

Во мојот случај со канцер, станува збор за лекарска грешка, сведочи онколошка пациентка во подкаст ЗРАК

(Видео) Подкаст ЗРАК: Секоја борба со канцерот е индивидуална и различа