Утрински Весник
Македонија

Спасовски од Љубљана: Да имаше малку повеќе храброст, одамна ќе бевме и дел од НАТО, а можеби и дел од Европската Унија

Спасовски од Љубљана: Да имаше малку повеќе храброст, одамна ќе бевме и дел од НАТО, а можеби и дел од Европската Унија

Како да го направиме Западен Балкан подобар и попросперитетен од сигурносен аспект“ беше темата на Меѓународната тркалезна маса, во организација на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС во Љубљана, Словенија, на која министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, наречен „човек на новото време“ во однос на спроведените политики и остварените резултати, покрај своето излагање, одговараше и на прашања од присутниот аудиториум.

dobivaj vesti na viber

Модераторот на дискусијата, проф. д-р Зијад Беќировиќ, по повод денешното одбележување на 74-годишнината од создавањето на НАТО, потсети дека Република Северна Македонија стана 30-тата земја членка на НАТО токму во време кога премиер беше актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Запрашан за искуствата околу овој голем чекор на државата и за ефектите од членството во Алијансата, министерот Спасовски рече:

„Мислам дека е ова важно прашање за сите земји од регионот. Сите знаеме дека НАТО е најголемиот воено-политички сојуз. Ако сите велиме дека сакаме мир, тогаш мора првенствено нашиот регион да биде стабилен. Зошто е НАТО важно? Обезбедивме мир, стабилност и територијален интегритет на земјата. Морам да ги споменам визионерството и храброста на тогашниот премиер Зоран Заев, кој го отвори и водеше целиот тој процес. Тоа воопшто не беше лесно во 2017 година, кога земјата излезе од едно режимско владеење, без почитување на човечовите права, дека ние би можеле за кратко време да ги решиме отворените прашања, да се помириме со соседите и да покажеме дека имаме капацитет да станеме дел од Алијансата. Тоа стана наша цел, на тоа работевме и во 2020 станавме членка на НАТО и мислам дека од сегашна перспектива се зајакна јавната свест и, за жал на сето тоа што се случува во Европа, се дојде до сознание колку е важно да сте дел од тој воено-политички сојуз. Сите граѓани сфатија колку е важно да сме дел од НАТО. Ако нашата заедничка цел е да станеме регион кој ќе извезува мир и стабилност, тогаш мора да се обединиме, да имаме заеднички политики и да креираме политика која можеме заеднички да ја спроведуваме. Ако сакаме напредок, економски развој и подобар стандард за нашите граѓани, во тоа нема да успееме без безбедноста. Од моментот кога Република Северна Македонија е дел од НАТО, се зголемија странските инвестиции, интересирањето за земјата од бизнис аспект, соработката не само со земјите од регионот, туку и земји членки на НАТО и ЕУ“.

Говорејќи дека регионот нема друга алтернатива, освен европската, министерот Спасовски подвлече дека земјите од регионот мора заеднички да работат за да стигнат до целта на заедничкиот пат. Според него, политиките кои се спроведуваат неопходно е да ги донесат европските вредности како дел од општеството, а за тоа се потребни реформи, но не во смисла само на промена на законодавството, туку првенствено како реформа на размислувањето, реформа на умот.

„Сѐ зависи од нас самите. Потребна е посветеност и потребна е волја!“, порача Спасовски, кој се наврати на 90-тите години и можностите кои тогаш ги имаше Македонија.

„Да имаше малку повеќе храброст – бидејќи мудрост имаше – имајќи предвид колку бевме напред во тој период, одамна ќе бевме и дел од НАТО, а можеби и дел од Европската Унија“, посочи Спасовски. Одговарајќи на прашањето за Отворен Балкан, како инцијатива во која Република Северна Македонија е посочена како пример што поврзува до вчера спротивставени земји, тој посочи дека целта на оваа регионална иницијатива е подобар однос меѓу земјите од регионот, поради што е поддржана поддеднакво и од ЕУ и од САД.

„Но, Отворен Балкан во никој случај не е алтернатива за ЕУ, која претставува наш национален интерес. Нема отстапувања од патот кон европското семејство, но додека чекаме, мораме да си помогнеме регионално. Да овозможиме нашите луѓе, производите, услугите да се движат слободно. Да ја користиме работната сила без пречки, признавање на дипломите… Деновиве, на еден од најголемите саеми во Италија имавме заеднички настап како Отворен Балкан. И тоа е целта – да си помогнеме самите себе на патот кон ЕУ, да создадеме подобар живот за нашите граѓани“, потенцираше министерот Спасовски.

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар