Утрински Весник
Спорт

Убиен млад шпански фудбалер

Убиен млад шпански фудбалер

Трагична вест доаѓа од Шпанија. Шпанскиот фудбалер Пако Навал (24), играч на локалниот клуб Чипиона, е убиен во Кадиз. Според тамошните медиуми, расправијата меѓу двајцата млади луѓе се случила изминатата ноќ, а убиецот (20) го прободел фудбалерот со нож право во градите.

dobivaj vesti na viber

Откако беше хоспитализиран поради сериозноста на повредите, Навал со хеликоптер беше префрлен во поголема болница, но лекарите не можеа да му го спасат животот, што предизвика голема тага во шпанскиот фудбал.

За ситуацијата која се случи во Кадиз се огласи и славниот Реал Мадрид кој преку социјалните мрежи се прости од младиот фудбалер.

„Фудбалскиот клуб Реал Мадрид длабоко жали за смртта на Пако Навал, играчот на Чипиона. Сакаме да изразиме сочувство до неговото семејство, неговиот клуб, соиграчите и пријателите. Почивај во мир“, соопшти најтрофејниот клуб во Европа

По овој случај во Кадиз е прогласена тридневна жалост, а осомничениот за убиството е приведен и задржан на распит.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија