Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги зголеми инфлацијата и криминалот, но не заборави да си ја зголеми и платата

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори какви барања доби од тиранската средба

Ковачевски инфлацијата и криминалот ги зголеми, но не заборави да си ја зголеми и платата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Македонија со Ковачевски, додаваат од опозициската партија, имаше најголема стапка на инфлација во регионот и во врвот на Европа, скоро 20% инфлација ги стопи примањата на граѓаните во последната година.

„Откако е СДС на власт стандардот на граѓаните е во континуиран пад, тоа што претходно можело да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари.

Залудни се сите фалби за некакво зголемување на плати, кога во реалноста куповната моќ опаѓа.

Единствено што има пораст е криминалот, тендерите и платите на функционерите.

Ковачевски додека замрзнува цени на макарони, и залажува со квази мерки на мала врата ќе си ја зголеми платата за 78%, како за него, така и за неговите министри и функционери“, се истакнува во соопштението од оваа партија.

Оценуваат дека се потребни коренити промени. Според ВМРО-ДПМНЕ, со Ковачевски на власт, народот ќе страда, а функционерите ќе се богатат.

Можете да прочитате

Утре средба Мицкоски-Таравари – 24info.mk

Температурен шок од следната недела на Балканот: Следува подолг период на променливо време

Едноминутен молк пред дискотеката „Пулс“ во Кочани од над 300 спортисти