Утрински Весник
Култура

(Видео) Почина Рјуичи Сакамото – познат јапонски композитор и оскаровец

(Видео) Почина Рјуичи Сакамото – познат јапонски композитор и оскаровец

Еден од најголемите композитори на денешницата, Рјуичи Сакамото, почина на 71-годишна возраст, по долго и тешко боледување.

dobivaj vesti na viber

Големиот композитор починал на 28 март, иако веста за неговото заминување беше објавена дури денеска, пишува магазинот Форбс. Сакамото долго време боледувал од рак на ректумот, кој метастазирал на белите дробови.

Уште во јуни минатата година, Сакамото објави дека се бори со ракот, кој е „во четврта фаза“.

Рјуичи Сакамото е роден на 17 јануари 1952 година во Токио. На тамошниот Универзитет за применета уметност и музика дипломирал на отсекот композиција и етномузикологија. За време на студиите почнал да се занимава со музика.

Сакамото се прослави како основач на бендот, кој ќе влезе во аналите на електронската музика, Yellow Magic Orchestra. Важи за еден од пионерите на електронската музика, а има соработувано со бројни имиња, почнувајќи од Дејвид Силвијан до Јусу Н Дуро.

Тој глумеше во познатиот воен филм од 1983 година „Среќен Божиќ, господине Лоренс“ заедно со Дејвид Боуви и освои Оскар и Греми за неговата партитура за филмот „Последниот император“ од 1987 година.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“