Утрински Весник
Свет

Талибанците затворија радио станица уредувана од жени, емитувале музика за време на Рамазан

Талибанците затворија радио станица уредувана од жени, емитувале музика за време на Рамазан
Dik 300x250 mk

Радио станица во североисточниот дел на Авганистан е затворена бидејќи емитувала музика за време на светиот месец Рамазан, изјави талибански функционер.

dobivaj vesti na viber

Единствената радио станица во Авганистан, уредувана од жени, која работи десет години, „Садаи Банован“ (Женски глас), има осум вработени, од кои шест се жени.

Според директорот за информации и култура во провинцијата Бадакшан станицата неколку пати ги прекршила „законите и прописите на Исламскиот Емират“ со емитување музика за време на Рамазан и поради тоа била затворена.

„Доколку оваа радио станица ја прифати политиката на Исламскиот емират Авганистан и гарантира дека нема повторно да го повтори прекршокот, ќе дозволиме повторно да работи“, се вели во соопштението.

 

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците