Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Ковачевски: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во интервју за српската ТВ Пинк ја потенцираше важноста за евроинтеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека друга алтернатива од ЕУ не постои за просперитетен, стабилен и безбеден регион. Тој нагласи дека иницијативата Отворен Балкан, Берлински процес, се базирани на европски вредности, бидејќи сите граѓани од државите на регионот имаат право да живеат и да соработуваат меѓу себе.

„Иницијативата се базира на четирите слободи за движење во ЕУ, на кои и самата ЕУ се заснова, а тоа е слободно движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

Ако ја гледаме само трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија, таа е веќе на ниво од 1,1 милијарда евра. Апсолутно тоа е поради Отворен Балкан, тоа го кажуваат и самите компании”, истакна премиерот Ковачевски во интервјуто.

Притоа премиерот Ковачевски истакна дека во последните десет години вратите на ЕУ се најмногу отворени за Западен Балкан во однос на тоа што биле порано.

„Воената агресија на Русија врз Украина ја стави пред одлука ЕУ во однос на нејзиното влијание и во однос на нејзината вклученост во процесите на Западен Балкан. Затоа гледате колкав е фокусот на ЕУ на решавање на сите отворени прашања коишто се дел од земјите на Западен Балкан”, рече премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист

Од понеделник се очекуваат нови снежни врнежи

МНР: Нема информации за повредени или загинати македонски државјани во вчерашниот инцидент во Германија