Утрински Весник
Магазин

Расел Кроу потврди дека нема да биде вклучен во „Гладијатор 2“

Расел Кроу потврди дека нема да биде вклучен во „Гладијатор 2“

Расел Кроу потврди дека нема да биде вклучен во продолжението на „Гладијатор“.

dobivaj vesti na viber

58-годишниот актер, кој доби „Оскар“ за портретирањето на римскиот генерал Максимус Децимус Меридиус во историскиот еп, откри дека режисерот сер Ридли Скот и екипата не стапиле во контакт со него за долгоочекуваното продолжение – кое треба да се случи 20 години по првиот филм.

Расел изјави за „РТЕ радио 1“: „Сигурен сум дека во одреден момент ќе сакаат да ме прашаат за нешто, но досега не го сториле тоа.“

„Тоа е проширување на наративот, но е далеку од смртта на Максимус, така што воопшто не ме вклучува мене.“

Во продолжението ќе глуми Пол Мескал како Луциус, внук на Комодус (Хоакин Феникс) кого го уби Максимус. Треба да се појават и Бери Кеган и Дензел Вашингтон.

Расел смета дека филмот е паметна идеја.

„Слушам дека младиот колега Пол е добар тип и му посакувам многу среќа. Од каде ќе ја земаат приказната, младиот Луциј, кој влегува во улогата на император. Мислам тоа е многу паметна идеја во светот на филмот што го создадовме.

Филмот добитник на пет „Оскари“ ја оживеа епската приказна и стана една од најценетите и најпопуларни историски драми. Расел се закити со „Оскар“ за улогата на бестрашниот и почитуван римски генерал Максим чие семејство е убиено од корумпираниот син на императорот, Комод (Хоакин Феникс).

Максим доаѓа во Рим како гладијатор за да бара одмазда. Почнува да се бори пред илјадници Римјани во Колосеумот. Филмот, во режија на Ридли Скот, ја оживува славата на древниот Рим, со специјални ефекти кои беа наградени со „Оскар“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста