Утрински Весник
Економија

(Видео) Малинковска: Власта создаде хаос во пензискиот фонд

(Видео) Малинковска: Власта создаде хаос во пензискиот фонд

Власта не презема ништо за да го среди хаосот од неправилности во системот на Фондот за ПИО, иако ревизорите открија бројни неправилности, од кои голем дел биле посочени и во претходни извештаи, меѓутоа, очигледно е дека негрижата на оваа власт ја уништува секоја клетка на јавната администрација, изјави Лидија Малинковска, член на централна комисија за труд и социјална политика, демографија и родови прашања на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Таа наведе дека иако откако се дојдени на власт СДСМ и ДУИ говорат за системски решенија, факт е дека ниту еден систем во државата немаат создадено, ниту пак подобрено откако седнаа во владините фотелји! Ветуваа стабилен пензиски систем кој ќе обезбеди стабилна исплата на сегашните пензионери, како и на идните, но денес гледаме дека и ПИО го направија руина од институција, што се гледа во ревизорскиот извештај.

Малинковска додава дека овој хаос власта ниту е способна да го менаџира, ниту пак е заинтересирана да го менаџира. Ова е слика на непостоењето на правната држава, односно невладеењето на правото. Ова е врв на негрижата за сопствените граѓани кои се ранлива категорија, оневозможувајќи им достоинствен пензионерски живот.

Како што истакна Малинковска, голем дел од пензионерите во Македонија живеат во сиромаштија бидејќи ниските пензии не им стасуваат да ги покријат основните животни трошоци, други пак не можат воопшто ни правото на пензија да го остварат поради трулиот и хаотичен систем. Но, Ковачевски и владата предводена од ДУИ секоја недела со евтин пиар во маркети пазарат „докажувајќи“ им на граѓаните дека цените биле намалени, откако беа поскапени и до 100%.

Но, власта се однесува како да владее во паралелен свет, сосем неодговорно кон граѓаните, сосем неодговорно кон државата, сосем неодговорно кон иднината на земјата. Време е за промена! Време е оваа ненародна власт да замине и на нови избори граѓаните да им пресудат, изјави Малинковска.

Можете да прочитате

Владини функционери признаваат дека пензискиот фонд е загрозен, вели Филипче

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ