Утрински Весник
Македонија

Пролетна акција за косење на тревните површини во Кисела Вода

Пролетна акција за косење на тревните површини во Кисела Вода

Акција за косење на нараснатите тревни површини се одвива во Општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

Почнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа на Општина Кисела Вода ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници. Косењето на тревната вегетација и уредувањето на парковското зеленило денес се одвива во урбаната заедници 11 Октомври – згради со фокус на трим-патеката, која најмногу се користи од рекреативците.

Се коси во Пржино и Црниче, од вчера и во селото Драчево, а минатата седмица вакви активности се одвиваа и во населбата Драчево. Пролетната акција за уредување на Кисела Вода продолжува и во наредните денови. Утре ќе се коси во Бирарија и Цветан Димов, а ќе се продолжат ваквите активности и покрај трим-патеката.

„Ги повикуваме сите граѓани што забележале некоја поголема тревна површина што треба да биде уредена или знаат за некој дел што случајно бил изоставен при досегашните активности, да ги информираат службите на Општина Кисела Вода по што ќе може да се интервенира. Паралелно, локалната самоуправа работи и на расчистување на отпадот и новонастанатите мини депонии за кои повторно ќе апелираме на совесно однесување на граѓаните.

Топлите пролетни денови што ни претстојат нашите жители ќе може да ги искористат во природа, за прошетки и рекреација во чиста, уредна и уредена општина. За оваа цел, Општина Кисела Вода интензивно работи, а ќе се преземат дополнителни активности за подобрување на услугата од комуналните служби“, велат од Општината.

Можете да прочитате

10ти хуманитарен пикник за вработените во „Алкалоид“: Собрани околу 2 милиони денари за СОС Детско Село

АХВ донесе решение за забрана за употреба на водата од струмичкиот водоснабдителен систем

Го сечел на вратот и увото: Обид за убиство на малолетник во Тетово