Утрински Весник
Спорт

ИОЦ препорача „постaпно“ враќање на руските и белоруските спортисти

ИОЦ препорача „постaпно“ враќање на руските и белоруските спортисти
Dik 300x250 mk

Интернационалниот олимписки комитт (ИОЦ) објави препораки за постaпно враќање на руските и белоруските спортисти на интернационалните натпреварувања, откако претседателот Томас Бах посочи дека нивното учество „функционира“ и покрај војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Препораките на Извршниот комитет на ИОЦ се однесуваат само на интернационалните натпреварувања, но не и на Олимпијадата во Париз во 2024, за што ќе се донесе одлука на дополнителен состанок. ИОЦ ги казни Русија и Белорусија во февруари 2022, но сега остава дел од спортисите да „бркаат“ олимписки квалификации преку настапите во азиските квалификации.

„Учеството на спортисти со руски и белоруски пасоши на интернационалните натпреварувања функционира. Го гледаме ова во повеќе спортови, најмногу во тенисот, но и во велеосипедизмот и пинг-понгот. Исто така во хокејот на мраз во американските лиги. Во ниту едно од овие натпреварувања нема инциденти“, изјави Бах пред состанокот на Извршниот одбор на ИОЦ во Лозана.

Препораките на ИОЦ посочуваат дека тие би се натпреварувале како неутрални спортист, без знаме и химна, а не важи за тие спортисти кои се под договор на воените сили на двете земји.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс