На последната вечер од одржувањето на Неделата на франкофонски филм вечер со почеток од 20 часот во Кинотеката ќе се одржи проекција на луксембуршкиот филм „Неверојатната приказна на Фрици“.
Проекцијата е во организација на Амбасадата и Почесниот конзулат на Големото Војводство Луксембург кои годинава ја имаа честа и задоволството да се придружат во одбележувањето на месецот на Франкофонијата преку учество во Неделата на франкофонски филм.
Амбасадата за таа цел овозможи прикажување на анимираниот филм на режисерите Раиф Кукула и Матијас Брин, „Неверојатната приказна на Фрици“ кој ни ја раскажува несекојдневната авантура за 12-годишната Фрици која се впушта во патување низ поделената Германија во есента 1989 година притоа станувајќи сведок на турбулентните настани за време на падот на Берлинскиот ѕид.
![]()
Претходно, во текот на Неделата на франкофонски филм беа прикажани романскиот филм „Радио Метроном“, швајцарскиот „Последниот танц“, белгискиот „Последното искушение на Белгијците“, како и францускиот документарен филм „Деца на татковината“.
Неделата на франкофонскиот филм се одржа во организација на Францускиот институт и Амбасадата на Република Франција со поддршка од Амбасадите на Романија, Швајцарија, Белгија и Луксембург.


