Утрински Весник
Спорт

Чкембари по вчерашните инциденти: Специјалци нѐ нападнаа без причина во салата, откако “храбри” Комити фрлаа со столчиња

Чкембари по вчерашните инциденти: Специјалци нѐ нападнаа без причина во салата, откако “храбри” Комити фрлаа со столчиња

Битолската навивачка група Чкембари тврди дека неколку “храбри” Комити ја испровоцирале нивната  реакција на вчерашниот натпревар кога Вардар го совлада Пелистер со резултат од 31-24. За време на ракометното деррби имаше инцидент кога гостински  навивачи влетаа на теренот и почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства. Навивачите на Вардар, возвратија фрлајќи со шишиња и тврди предмети.

dobivaj vesti na viber

„Вчерашното дерби го одбележаја низа инциденти, повторно истата приказни неколку “храбри” комити криејќи се низ обичната публика со фрлање столчиња и други предмети испровоцираја реакција и од наша страна, буквално на неколку пати до сега ја користат најподлата техника за одбрана позната како ЖИВ ШТИТ.

И сето тоа досега никој ни да го спомни ни да го осуди, напротив во медиумите ние сме оцрнети.

Не се коментира ни за повторно намерениот “пропуст” по кој знае кој пат, слободно влегување в терен, но никако и со таква поддршка да се стигни до нас, зошто за тоа не е потреба страшна облека, фантомки и слично, то не се купва во продавница!

Стигнавме до полицијата…

Како да чекаја момент да се испразни салата па јуришно тргнаја еден вод специјалци кон нас и буквално не нападнаја без никаква причина, сите се чудевме од каде таква реакција па дури и специјалците кои до тогаш беа околу нас, настана голем хаос во кој 100тина навивачи паднаја еден врз друг и можеше да заврши трагично таквата неиспровоцирана реакција на полицијата.

После долго време во салата полицијата повторно БЕЗ НИКАКВА СЕЛЕКЦИЈА почна да апси наши членови, само колку визуелно да изгледа дека тие ја сработиле својата работа.

Сакаме да му се заблагодариме и на нашите браќа од Кавадарци кои секогаш се со нас, во добро и во зло, па така и денес.

За крај благодарни сме и на тие што излегоја во пресрет на уапсените Чкембари. ЧКЕМБАРИ СЕ НЕУНИШТЛИВИ“, напишаа тие во својата објава на Фејсбук.

Полицијата вчера приведе 18 навивачи по инцидентите во салата „Јане Сандански“. По фрлањето предмети на теренот, а потоа и судир меѓу групите, известен беше и јавен обвинител.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина