Утрински Весник
Свет

Петар Колев: Со затворањето на бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ во Битола,властите во Скопје сакаат да ни кажат дека не нè почитуваат

Петар Колев: Со затворањето на бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ во Битола,властите во Скопје сакаат да ни кажат дека не нè почитуваат

Поколебливата политика на Бугарија им задава тежок удар на нејзините национални интереси на Балканот. Мораме јасно еднаш засекогаш да кажеме дека сме дел од евроатлантскиот свет – НАТО и Европската Унија и да ги искористиме алатките што ни ги обезбедува ова членство за да ја натераме Република Македонија да не почитува, вели Петар Колев, извршен директор на БГНЕС.

dobivaj vesti na viber

Тој додава дека затворањето на бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ во Битола е јасен сигнал кој властите во Скопје сакаат да ни кажат: не ве почитуваме, не нè интересирате. Секогаш кога Македонија треба да постигне некоја стратешка цел, таа ја започнува својата агресивност кон Бугарија. Ова е олицетворение на политиката на институционална омраза кон Бугарите кои живеат таму.

Колев прашува до кога ќе го трпат ова? Бугаринот има една лоша особина – бескрајна добрина, која властите во Скопје ја злоупотребуваат. Бугарија има широк спектар на алатки за да влијае на PCM. Еден од нив е со давање бугарско државјанство на луѓе со бугарска самосвест таму да бидат извлечени од мочуриштето откако РСМ одлучи дека не сака да стане членка на ЕУ.

Тој наведува дека повеќе од јасно е дека зад конфликтот меѓу РСМ и Бугарија стои Москва, која ги поддржува аспирациите на Белград. Зошто ние Бугарите се плашиме да се спротивставиме на руските интереси на Балканот? За што сме загрижени? Македонија е последниот остаток од Коминтерната и комунизмот. Само во Москва и Скопје забрануваат организации со ретроактивно дејство.

Колев вели дека Бугарските институции мора јасно да му стават до знаење на бугарскиот народ дека РСМ сè уште не започнала преговори за влез во ЕУ благодарение на францускиот предлог.

Бугарските институции мора да му дадат сигнал на бугарското општество какви конкретни мерки ќе бидат преземени по бришењето на клубот „Иван Михаилов“ во Битола, што конкретно ќе се прави во врска со претепувањето на Христијан Пендиков, кој со месеци закрепнува.

И МНР и бугарските служби имаат развиено стратегии, таму работат достојни Бугари. Нашите политичари да ги читаат, а нашите институции да почнат да дејствуваат конкретно, изјави Петар Колев, извршен директор на БГНЕС.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно