Утрински Весник
Спорт

Мото ГП: Милер со рекорд, Еспархаро по страотниот пад заврши во болница

Мото ГП: Милер со рекорд, Еспархаро по страотниот пад заврши во болница

Австралиецот Џек Милер со својот КТМ стигна до изненадувачко прво место на вториот тренинг пред Португалското ГП, првата трка од Мото ГП сезона, во сесија во која Марк Маркез и многу други возачи ја завршија сесијата со падови, а Пол Еспархаро заврши во болница.

dobivaj vesti na viber

Возачот на ГасГас Тех3, Есперхаро ја загуби контролата на мотоциклот во 10-тиот круг удирајќи во бариерите. Според официјалните информации, тој има повреди на грбот и градите, но не се знае сериозноста на повредите.

Зад Милер, на второто место сесијата ја заврши Маверик Вињалес во Јамаха, додека трет беше актуелниот шампион, Франческо „Пеко“ Бањаја.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина