Утрински Весник
Магазин

Жизел Бундшен проговори за разводот oд Том Брејди

Жизел Бундшен проговори за разводот oд Том Брејди

Супермоделот Жизел Бундшен, конечно, проговори за разводот од ѕвездата на НФЛ, Том Брејди, опишувајќи ја разделбата како смрт на својот сон – истовремено отфрлајќи ги шпекулациите дека на фудбалскиот професионалец му дала ултиматум и го принудила да го избере нивниот брак наместо својата спортска кариера.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Венити феар“ таа ги коментира медиумските нагаѓања за тоа зошто бракот завршил.

Повеќе таблоиди објавија дека разводот се случил откога Брејди се врати во НФЛ и покрај тоа што претходно го најави своето пензионирање.

„Ова е многу болно и нешто најлудо што некогаш сум го слушнала“, вели таа.

Во интервјуто, кое ќе ја придружува насловна страница за априлското издание на списанието, Жизел (42) ги квалификува шпекулациите за разводот како многу навредливи и нагласи дека таа сакала Том (45) да си ги оствари своите соништа.

„Јас отсекогаш навивав за него и ќе продолжам засекогаш“, рече таа. „Ако има некој човек што сакам да биде најсреќен на светот, тоа е тој, верувајте ми. Сакам да ја постигне својата цел. Сакам да му се остварат сите соништа. Тоа е она што го сакам, навистина, од дното на моето срце“.

Додека остро негира дека разводот има некаква врска со одлуката на Том да се премисли за своето повлекување од НФЛ, Жизел, која додаде дека разделбата е како смрт и повторно раѓање, рече дека причината за нивната разделба по 13 години брак, е многу поневина. Таа тврди дека двајцата, едноставно, сфатиле дека не сакаат исти работи.

Бразилскиот супермодел и ѕвездата на американскиот фудбал се разделија минатиот октомври по 13 години брак.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста