Утрински Весник
Спорт

Играа „лист-камен-ножички“ за дресот на Енцо Фернандез

Играа „лист-камен-ножички“ за дресот на Енцо Фернандез

Аргентина, во пријателски натпрвар ја победи Панама со 2:0. „Гаучосите“, на „Монументал“ стадионот во Буенос Аирес пред 90.000 навивачи го одираа првиот натпревар по освојувањето на светската титула во Катар.

dobivaj vesti na viber

Еден од двата гола на овој натпревар постигна Лионел Меси. Капитенот на Аргентина го постигна 800. гол во кариерата.

По завршувањето на натпреварот, репрезентативците на Панама го опколија Меси, сите сакаа да се сликаат со него, а еден од нив му побара автограм.

Еден од најдобрите Аргентинци на Светското првенство во Катар, Енцо Фернандез беше сведок на „тепачка“ за неговиот дрес. Тројца играчи на Панама сакаа да го добијат дресот на играчот на Челси.

На крајот тројцата играа „лист-камен-ножички“, за да решат кој ќе го добие дресот, а во улога на судија се најде Фернандез.

Фудбалерите на Панама за малку ќе се скараа, на крајот Фернандез ги утеши со зборовите дека нема потреба да се расправаат и дека има по еден дрес за секого.

 

Можете да прочитате

ТФТ ја елиминира Сутјеска, против Широки Бријег за влез во АБА лигата

ТФТ избори финале во АБА 2 лигата

Скопје ќе биде светски училишен ракометен центар