Утрински Весник
Македонија

Задоцнета и селективна правда во случајот со „Маѓар Телеком“, велат од Транспаренси Интернешнл

Задоцнета и селективна правда во случајот со „Маѓар Телеком“, велат од Транспаренси Интернешнл

Од Транспаренси Интернешнл гледаат задоцнета и селективна правда во случајот со „Маѓар Телеком“.

dobivaj vesti na viber

„ТИ – Македонија од 2012 година и предметот кој се води во правосудниот систем на Република Северна Македонија укажува на селективност во постапката, со намера да се покаже минимален придонес кон борбата против корупцијата и да се одбегне водење на постапка против домашните функционери и поранешни политичари“, се појаснува во официјалната реакција од Транспаренски Интернешнл.

Основниот Кривичен суд во Скопје пресуди вина за обвинетите Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас во Случајот „Маѓар Телеком“ на кои им е пресудено во отсуство, бидејќи не се достапни за органите на прогон. Согласно пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл. 353 – в ст.4 в.в. со ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ и се осудуваат на казни затвор од по 8 години за секој од обвинетите.

Воедно со пресудата, обвинетите се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари на оштетената Република Северна Македонија, како и судските трошоци за постапката.

Од Транспаренси Интернешнл Македонија велат дека го следат овој случај уште од 2012 година по објавата на резултатите од истрагата на американската куќа Вајт и Кејс покрената по укажувањата на внатрешната ревизија во Маѓар Телеком.

„Постоеле сомневања во законитоста на склучени и исплатени договори од кои би произлегла низа на коруптивни кривични дела, предвидени со Законот за странски коруптивни постапки Foreign Corrupt Practices Act (FCPA) на САД, односно казниви според македонското и законодавствата на други држави.

Анализата на ТИ-М покажа дека помеѓу 2000 и 2006 година мала група на поранешни високи извршни лица на Компанијата и на Македонски филијали на Компанијата, одобриле трошење од околу 24 милиони евра низ повеќе од 20 сомнителни договори за консалтинг, лобирање, и други договори (вклучувајќи одредени договори помеѓу Компанијата и нејзини филијали од една страна и филијали на Кипарска консалтинг компанија од друга страна).

Јавното обвинителство (ЈО) не повело постапка против организаторите на коруптивната шема и наредбодавците туку само против извршителите. Органите во САД ги товарат токму овие лица, занемарувајќи ги оние кои (ако не биле тие ќе биле некои други) само ја спровеле наредбата и формално ставиле потпис на документите.

Бројот на договори и трансакции кои ги третираат органите од САД е поголем од бројот на договорите и трансакциите што ги третираат органите на прогон во Р. Македонија.

Разлики, како што велат, постојат и во вкупната сума на пари. ЈО на Р. Македонија нема подигнато обвинение против правното лице, иако кривична одговорност за правните лица во нашето кривично законодавство има од 2004 година. Одговорноста за делата на неговата филијала во Република Македонија односно Македонски Телеком А.Д. Скопје, Маѓар Телеком непобитно ја признава во Спогодбата со Министерството за правда.

„Прашањето за опфатеност на дејствијата според македонското право истакнува околности поврзани со реформата во кривично законодавство која мора да се води со уште поголемо внимание отколку до сега:

Дејствија еднаш опишани и санкционирани според еден член од кривичниот законик, во негово подоцнежно изменување и дополнување доживеале своја разработка и биле преточени во друг член од Законикот, при што оригиналниот текст веќе не постои и според начелата на кривичното право понатаму не може успешно да се искористи во постапка против дело сторено претходно. Само колку за пример, делото предвидено со член 283 Создавање монополска положба и предизвикување растројство на пазарот од 14.09.2009 година се преточи во Спречување, ограничување или нарушување на конкуренција (Службен Весник на Р М бр. 114)

Интересот на ТИ-М произлезе од причини што дел од овие договори се тесно поврзани со филијали на Маѓар Телеком во Македонија како Македонски Телеком АД – Скопје и Камени Мост Комуникации АД – Скопје, а Вајт и Кејс истакнуваат основан сомнеж со наводи за корумпирање на функционери и челници на политички партии во Македонија од страна на раководни лица во Македонски Телекомуникации АД, сѐ заради стекнување со погодности на пазарот на телекомуникациски услуги во 2005 година и 2006 година.

Transparency International – Macedonia има изработено Информација уште во 2012 година заснована врз релевантни и јавни документи, следејќи го отворањето на епилогот на истрагата за работењето на Маѓар Телеком во периодот од 2000 година до 2007 година, стои во соопштението од ТИ“, се истакнува во реакцијата од Транспаренси Интернешнл.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ