Утрински Весник
Спорт

Несторовски: Ќе се бориме лавовски за трите бода против Малта

Несторовски: Ќе се бориме лавовски за трите бода против Малта
Img 5587

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ја пречекува Малта во првиот квалификациски натпревар од новиот циклус за ЕВРО 2024 во Германија. Искусниот напаѓач Илија Несторовски повторно е во националниот тим откако ја надмина повредата на коленото поради која пропушти голем дел од минатата сезона.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека Македонија мора да се „ресетира“ и да заборави на успесите од минатото, а да се фокусира на претстојниот квалификациски циклус.

300x250 (7)

„Треба се што се случуваше во минатото, тоа е Европското првенство, баражот со Италија, потоа и мечот со Португалија, да го заборавиме, затоа што ни стартуваат нови квалификации. Мора да бидеме макисмално концентрирани, знаеме дека играме против Малта и не смееме да ја потцениме. Мора да бидеме максимално ангажирани од првата минута, да дојдеме до три бода, а понатаму да се стремиме кон повисок пласман затоа што знаеме дека имаме добра репрезентација. Нашата цел мора да е што повисок пласман, можеме да играме против секого, но само доколку бидеме на нашето најдобро ниво“, вели Несторовски.

Надежите се дека ќе оствариме победа над Малта.

„Сѐ освен три бода со Малта за нас ќе биде лош резултат, ние сме поквалитетни, не смееме да криеме дека сме фаворити, ама мора да го респектираме ривалот. А, кога ќе почне натпреварот, мора лавовски да се бориме за Македонија и за трите бода“, изјави Несторовски.

Натпреварот меѓу Македонија и Малта се игра вечерва на арената „Тодор Проески“ во Скопје од 20:45 часот.

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024