Утрински Весник
Свет

(Видео) Распоредена полиција, откажани летови, француските синдикати на нови протести

(Видео) Распоредена полиција, откажани летови, француските синдикати на нови протести

Француските синдикати кои организираат протести против пензиските реформи најавија нови протести, први по неодамнешното усвојување на законот за пензиските реформи.

dobivaj vesti na viber

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека дополнителни 12.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 5.000 ќе бидат во Париз, објави француската онлајн телевизија „BFMTV“.

Дарманен повтори дека во Франција има слобода на изразување, но не и право да се создаваат немири и инциденти на улични протести.

Француската управа за цивилно воздухопловство побара денеска од авиокомпаниите да откажат околу 30 отсто од нивните летови на аеродромот во Париз и 20 отсто на другите аеродроми. „Ер Франс“ најави дека ќе ги задржи сите летови на долги релации, особено на меѓународниот аеродром во Париз „Шарл де Гол“.

Се очекува да има и прекин на железничкиот сообраќај. Синдикатите кои ги организираат протестите во средата по интервјуто на Емануел Макрон изјавија дека се разочарани, додавајќи дека францускиот претседател покажал „презир кон милиони демонстранти“.

Претседателот на Франција рече дека непопуларната пензиска реформа треба да се спроведе до крајот на годинава и дека е подготвен да биде непопуларен поради тоа. Во интервју за француските ТВ канали TF1 и France 2, Макрон рече дека реформата е неопходна и дека не ја спроведува од задоволство.

„Не барам да бидам реизбран. Помеѓу краткорочните анкети за популарноста на јавноста и општиот интерес на земјата, јас го избирам интересот на земјата“, рече Макрон, додавајќи дека е подготвен да биде непопуларен.

Французите и дел од опозицијата се незадоволни бидејќи реформата предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Можете да прочитате

Германците бараат ограничување на цената на донерот

Босфор затворен за сообраќај, се насука товарен брод од Украина

Холивудската ѕвезда Стивен Сигал се појави на инаугурацијата на Путин и го пофали „најголемиот светски лидер“