Утрински Весник
Спорт

Хаос на средбата за помирување во Нови Пазар, навивачите го нападнале капитенот

Хаос на средбата за помирување во Нови Пазар, навивачите го нападнале капитенот
300x250 (7)

Филип Кљајиќ, голман и капитен на фудбалскиот клуб Нови Пазар, се пожали на тортурата низ која поминал пред неколку дена. Се се случи по поразот на неговиот тим од Колубара (0:1).

dobivaj vesti na viber

Нови Пазар игра добра сезона, клубот се наоѓа во борба за местата кои обезбедуваат пласман во европските купови. Во минатото коло, Колубара победи во Нови Пазар. По мечот навивачите започнале да ги пцуијат играчите, поради што Кљајиќ како капитен застана во нивна одбрана.

Ss1

„По мечот со Колубара отидовме да се поздравиме со навивачите, а тие почнаа да не навредуваат. Јас како капитен застанав зад тимот и одговорив дека не гледам што е проблемот бидејќи играме добро и се се уште се бориме за висок пласман. Ни замерија. поради еден пораз. Меѓутоа, тогаш ме нападнаа, почнаа да ме навредуваат на верска и национална основа. Би било невкусно да ги кажам какви зборови ми упатија“, рече Кљајиќ. како што пренесуваат српските медиуми.

Неколку дена подоцна на инсистирање на генералниот секретар на клубот, Фикрет Меѓедовиќ инсистирал двете страни да ги закопаат „воените секири“. Во кафулето каде што се сретнале се тргнало наопаку за поранешниот голман на Партизан.

„Ме покани повторно да се сретнам со навивачите. И таму доживеав малтретирање, уште полоши работи од претходно. Тоа тој го виде. Ме фатија за глава, ми ги вртеа ушите и ми се заканија дека ќе ми ги скршат рацете и ќе ми ги извадат очите”, рекол Кљајиќ и дополнил дека нема намера да се враќа во клубот. .

Покрај голманот Нови Пазар остана и без тренер. Имено, челниците по поразот го сменија тренерот Станковиќ и го ангажираа Феѓа Дудуиќ. Кога поранешниот тренер на Сараево дознал што му се случило на голманот Кљајиќ веднаш се вратил назад во Сараево.

Тој изјавил дека „атмосферата и амбиентот што се создадени околу клубот не може да донесе ништо добро, ниту може да се работи нормално“.

Ss1

Можете да прочитате

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот