Утрински Весник
Магазин

Џо Бајден им оддаде почит на Брус Спрингстин, Вера Ванг, Џулија Луј Драјфус…

Џо Бајден им оддаде почит на Брус Спрингстин, Вера Ванг, Џулија Луј Драјфус…
Img 5587

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот им додели национални медали на голем број личности што дале придонес во американското општество, вклучувајќи ги рокерот Брус Спрингстин, актерката Џулија Луј Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан.

dobivaj vesti na viber

По врачувањето на Националниот медал за уметности на Спрингстин, Бајден, алудирајќи на неговиот хит Born to Run, рече: „Брус, некои луѓе, едноставно, се родени за да трчаат, човече“.

Img 5587

Спрингстин и мноштво актери, писатели, пејачи и други уметници му се придружија на Бајден во Источната соба на Белата куќа за да го добијат Националниот медал за уметности или Националниот медал за хуманистички науки за својот придонес во американското општество.

Комичарката Џулија Луј Драјфус, чија ТВ-серија „Потпретседателка“ од нов агол го прикажува потпретседателството – функција што некогаш ја имаше Бајден, исто така беше почестена.

„Таа го прифаќа животниот апсурд со апсолутна духовитост и се справува со вистинските пресврти во животот со апсолутна благодат. Таа е мајка, таа преживеа канцер, таа е пионер во комедијата, таа е американски оригинал“, рече Бајден за Луис-Драјфус, која се прослави со улогата на Елејн во „Сајнфелд“.

Медал доби и актерката Минди Калинг, една од главните ликови на долгогодишната ТВ-серија The Office.

Почестени беа и пејачката Гледис Најт, модната дизајнерка Вера Ванг, историчарот Волтер Исаксон и авторките Ејми Тан, Ен Пачет и Тара Вестовер, меѓу другите.

Ss1

Можете да прочитате

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Почина таткото на Тоше Проески

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение