Утрински Весник
Економија

Британците во паника: инфлацијата неочекувано забрза, а цените на храната вртоглаво растат

Британците во паника: инфлацијата неочекувано забрза, а цените на храната вртоглаво растат

Стапката на инфлација во Велика Британија неочекувано забрза во февруари, задржувајќи се на двоцифрена и вршејќи дополнителен притисок врз Банката на Англија да ги зголеми каматните стапки на утрешната седница.

dobivaj vesti na viber

Годишната стапка на инфлација на потрошувачките цени се искачи на 10,4 отсто во февруари, соопшти денеска Канцеларијата за национална статистика, во однос на 10,1 отсто во јануари – повисока од прогнозата од 9,9 отсто од Банката на Англија и економистите анкетирани од „Ројтерс“.

Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната, енергијата, алкохолот и тутунот, исто така силно се зголеми на 6,2 отсто, од 5,8 отсто во претходниот месец и ги надмина прогнозите за забавување на 5,7 отсто.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk