Утрински Весник
Македонија

„Цел Центар на точак“, започнува проектот за субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети

„Цел Центар на точак“, започнува проектот за субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети

Општина Центар го објави Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.

dobivaj vesti na viber

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе може да добие субвенција до 3.000 денари. За доделување на субвенционирана помош потребно е да се достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет. Субвенционирањето трае се до исцрпување на средствата.

Барањата со комплетна документација потребно е да се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Општина Центар напоменува дека правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да прочитаат на следниот линк https://www.centar.gov.mk/?p=16742 или да се обратат на телефонскиот број: 02/ 3203-600 и 02/ 3203-693.

Можете да прочитате

ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница, излезеноста 46,56 отсто

ВМРО-ДПМНЕ со најмногу гласови во Брвеница – Радичевски освои 2.943 гласа

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните