Утрински Весник
Спорт

Шпанските власти немаат докази дека исплатите на Барса влијаеле на судењето

Шпанските власти немаат докази дека исплатите на Барса влијаеле на судењето
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанските обвинители не пронашле докази дека постојаните исплати на Барселона до компанијата на поранешниот потпретседател на судиската комисија во Ла лига, влијаеле на судењето во шпанскиот шампионат, јавува „ЕФЕ“.

dobivaj vesti na viber

Според нивните извори, истрагата за исплатата на 7.5 милиони евра до компанијата на Хозе Марија Енрикез Негреира, тешко се поврзувала со некои позитивни одлуки за каталонскиот клуб во мечевите, но се додава дека Барселона има недостаток на официјална документација за целиот случај.

Барселона се соочува со таканаречениот „Случај Негреира“ веќе еден месец, откако „Мундо депортиво“ откри дека клубот исплаќал редовно кон компанијата на Негреира во период од речиси 20 години. Истрагата продолжува.

Можете да прочитате

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk

Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар