Утрински Весник
Култура

Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз
Img 5587

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски ја проследи проекцијата и на анимираниот филм „Грозомор“ според истоимената песна на Ацо Шопов инспирирана од скопскиот земјотрес во 1963 година.

300x250 (7)

Во рамки на чествувањето на јубилејот тој ќе ја посети изложбата „Патот по кој чекорам“ за творечкиот пат на Ацо Шопов проследена со перформансот „Треба да бидеме подобри“.

Меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов „Поезија: творештво, препев и оптек на делата на јазиците од помалите говорни подрачја“ е во организација на МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија”. Со денешните настани во Париз на Светскиот ден на поезијата – 21 март, покрај чествување на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, се одбележуваат и 30 години од македонското членство во УНЕСКО.

„Денеска, на Светскиот ден на поезијата, тука, во Париз, прославуваме два големи јубилеи – 100 години од раѓањето на знаменитиот македонски поет Ацо Шопов и 30 години од македонското членство во УНЕСКО.

Овие исклучително значајни пунктови во нашиот социо-културен развој нѐ потсетуваат дека задачата на уметникот отсекогаш била да поставува критички прашања во светот и за светот и времето во кое живее. Книжевниот корпус на нашиот великан Ацо Шопов е парадигма за тоа дека поезијата и севкупната уметност, не припаѓа само на естетското, туку е длабоко вкоренето во етичкото и хуманото.

„Дали ова време што го живееме и чии граници човештвото ги раширува фантастично смело и фантастично брзо, не е и време што ја убива поезијата?“ Ова е време на „научни достигнувања што ја оставаат зад себе и најсмелата и најбогатата фантазија“, време на технички чуда и „роботи што можат за неколку мига да напишат песна што ќе ги задоволи сите естетски барања. Дали нашето време е мртво за поезија, или пак таа е мртва за него?“

Со овие зборови Ацо Шопов ги отвори првите Струшки вечери на поезијата во далечната 1962 година. Далечна, а, сепак блиска затоа што додека зборуваме, алгоритмите на вештачката интелигенција веќе генерираат текстови што ги имитираат големите книжевници. Шумот на социјалните мрежи и медиуми ја нарушува тишината неопходна за уметничко промислување и согледување на светот“, истакна Пендаровски.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“