Утрински Весник
Свет

Два питбула убиле 85-годишна жена: Била во градината, па кучињата ја нападнале

Два питбула убиле  85-годишна жена: Била во градината, па кучињата ја нападнале
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сопственикот на два питбула кои брутално ја нападнаа и убија Лусил Даунер (85) во Англија е обвинет и утре ќе се појави пред судија.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува „Мирор“, иако на помош и пришле членови од семејството и соседите, набрзо било потврдено дека Даунер починала на лице место.

Сопственикот на двата питбула кои ја нападнале Даунер, Дарен Причард (44) е обвинет и утре ќе се појави пред судии.

Полицијата се сомнева дека кучињата влегле во градината преку дупка во оградата.

Во изјавата за време на нејзината смрт, семејството Даунер рече: „Лусил беше мајка, баба и прабаба која ги помина своите работни години како готвачка во домот за нега во Бромфорд во Вест Бромвич.

Лусил е родена во Јамајка и емигрирала во ОК во раните дваесетти години.

Можете да прочитате

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB

Запленет танкер полн со нафта во Иран

Три жени беа избодени во париското метро