Утрински Весник
Свет

Голема акција во БиХ и Словенија, планирано е апсење на повеќе од 50 лица

Голема акција во БиХ и Словенија, планирано е апсење на повеќе од 50 лица

Полициски службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во рамки на меѓународната оперативна акција „банкомат“, на подрачјето на Сараево и Зеница, започнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации.

dobivaj vesti na viber

Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните дела „Организиран криминал“ и „Перење пари“ пропишани со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.

Наведените активности се резултат на работата на Заедничкиот истражен тим на СИПА и Обвинителството на Босна и Специјалното обвинителство на Република Словенија, која започна во февруари 2022 година.

Во рамките на оваа меѓународна оперативна акција спроведена од полициски службеници на СИПА на територијата на Босна и Херцеговина, денеска во Република Словенија започнаа претреси на над 70 локации, во рамки на кои е предвидено да бидат лишени од слобода над 50 лица.

Во тек се активности за собирање податоци за средствата што осомничените ги имаат на нивните банкарски сметки и сефови во кои може да чуваат средства.

 

Можете да прочитате

Силен земјотрес вечерва ја погоди Романија

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Њујорк Тајмс: САД одобриле трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина