Утрински Весник
Македонија

За извозот да не ги поскапи јајцата, Бектеши ќе обврзе првин да се обезбедат за дома

За извозот да не ги поскапи јајцата, Бектеши ќе обврзе првин да се обезбедат за дома
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Забраната на извозот на јајца ќе донесе санкции за државата, па затоа не се разгледува како опција, но за да се спречи скок на цените, министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека ќе ги обврзат производителите одреден процент да одвојат за домашниот пазар доколку сакаат да имаат извоз. За ограничувањето со проценти, министерот вели дека Владата ќе одлучи утре, истовремено со замрзнувањето на цените на јајцата и оризот.

dobivaj vesti na viber

„Се зголемува извозот на јајца. Зголемена е побарувачката од други држави со поголеми цени од нашиот пазар. Ако донесеме одлука за забрана на извозот, тоа ќе биде спротивно на договорите ЦЕФТА и ЕУ и ќе имаме санкции. За да ги зачуваме цените, утре нема да донесеме само одлука за замрзнување на цените, туку ќе го обврземе производството за да се обезбеди домашниот пазар. Процентуално ќе се прави извозот. Ќе се ограничи колку може како производство да излезе надвор од Македонија“, вели министерот Бектеши.

На утрешната седница Владата ќе ги замрзне цените на јајцата и на оризот. Министерот Бектеши уверува дека нема да се дозволи цените да скокнат поради Велигден и Рамазан-бајрам.

Цените на брашното и шеќерот, пак, ќе се следат. Владата очекува да се намалуваат, но доколку трговците не го направат тоа, ќе има замрзнување на цените и за брашното и шеќерот.

Можете да прочитате

ТХП: Потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата за дијаспората да се врати и инвестира во Македонија

Четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ во МОБ

На Табановце приведен кумановец, во неговото возило пронајдени стари монети