Утрински Весник
Македонија

За извозот да не ги поскапи јајцата, Бектеши ќе обврзе првин да се обезбедат за дома

За извозот да не ги поскапи јајцата, Бектеши ќе обврзе првин да се обезбедат за дома
Ss2

Забраната на извозот на јајца ќе донесе санкции за државата, па затоа не се разгледува како опција, но за да се спречи скок на цените, министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека ќе ги обврзат производителите одреден процент да одвојат за домашниот пазар доколку сакаат да имаат извоз. За ограничувањето со проценти, министерот вели дека Владата ќе одлучи утре, истовремено со замрзнувањето на цените на јајцата и оризот.

dobivaj vesti na viber

„Се зголемува извозот на јајца. Зголемена е побарувачката од други држави со поголеми цени од нашиот пазар. Ако донесеме одлука за забрана на извозот, тоа ќе биде спротивно на договорите ЦЕФТА и ЕУ и ќе имаме санкции. За да ги зачуваме цените, утре нема да донесеме само одлука за замрзнување на цените, туку ќе го обврземе производството за да се обезбеди домашниот пазар. Процентуално ќе се прави извозот. Ќе се ограничи колку може како производство да излезе надвор од Македонија“, вели министерот Бектеши.

300x250 (7)

На утрешната седница Владата ќе ги замрзне цените на јајцата и на оризот. Министерот Бектеши уверува дека нема да се дозволи цените да скокнат поради Велигден и Рамазан-бајрам.

Цените на брашното и шеќерот, пак, ќе се следат. Владата очекува да се намалуваат, но доколку трговците не го направат тоа, ќе има замрзнување на цените и за брашното и шеќерот.

Ss1

Можете да прочитате

Кандидатката за пратеничка Ема Нешкоска донираше над 200 лектири во ОУ Единство во Гостивар

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса а на граѓаните да им се компензираат средствата

Маричиќ: На 8 мај мора да имаме посилен СДСМ, без тоа на државата и се заканува силен популистички и националистички виор