Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Инвестициите во детските градинки остануваат важен приоритет за Општина Аеродром

Муцунски: Инвестициите во детските градинки остануваат важен приоритет за Општина Аеродром

Светот денес го одбележува Денот на среќата. По тој повод градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски присуствуваше на настан организиран во детската градинка „Буба Мара“, клонот кој се наоѓа во населбата Лисиче, каде потенцирајќи ја важноста на среќата заедно со дечињата испратија важни пораки за среќа и безгрижен живот.

dobivaj vesti na viber

„Денешниот ден е одлична можност да се потсетиме дека во свет полн со грижи, предизвици и препреки, неопходно е дечињата да ги научиме да живеат среќен живот, но и да им овозможиме простор и средина каде деновите ќе ги поминуваат во безгрижна атмосфера исполнета со многу љубов“, истакна градоначалникот Муцунски.

Најавувајќи низа проекти во детските градинки тој додаде дека наша обврска пред се како луѓе е да направиме се да ја тргнеме грижата од нивниот живот, а токму поради тоа инвестициите во детските градинки остануваат важен приоритет за Општина Аеродром.

Можете да прочитате

Пријавени пет случаи на семејно насилство во последното деноноќие

Прилепчанец по сторена сообраќајка, нападнал полицаец и се обидел да му го земе пиштолот

Пензионери пукале во дрвена мета на кејот на Брегалница, се спремале за натпревар