Еден од омилените холивудски актери, Кијану Ривс, гостуваше во шоуто на Џими Фалон „Тунајт шоу“ и разговараше за својот најнов филм „Џон Вик 4“, во кој се појавува речиси 10 години откако ја доби главната улога во првиот дел од серијалот.
По дискусијата за филмот следеше забавен дел од емисијата, квиз во кој актерот одговараше на прашањата на водителот за различни животни, а за секој точен одговор добиваше кученце во рацете како награда.
Актерот се забавуваше додека одговараше на прашањата, па во еден момент седеше во фотелја со еден куп кутриња златни ретривери во скутот. „Кој е кралот на кученцата? Јас сум кралот на кученцата,“ вели Кијану на крајот од квизот, целиот прекриен со мали ретривери.
Глетката го топи срцето.
Инаку, Кијану Ривс е познат како најголемиот добротвор на Холивуд со оглед на тоа што голем дел од својата заработка ја донира во хуманитарни цели. Актерот често се дружи со бездомници и е исклучително љубезен и трпелив кога се среќава со своите многубројни фанови.
Неодамна, по премиерата на „Џон Вик 4“ во Тексас доби предлог за брак. „Ќе се омажам за тебе“, му рекла една жена од публиката. Актерот кој никогаш досега не бил оженет ѝ одговорил: „Да, внимавај што посакуваш“ и со својот одговор насмеа многумина.