Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не го дочека бурниот финиш при 0:1 победата над Интер, упатувајќи се во соблекувалната, но коментираше дека неговиот тим е „џентлменски“ и дека нема да зборува за судиите, туку за фудбалот.
„Бјанконерите“ ги освоија трите поени на „Сан Сиро“ со голот на Филип Костиќ, предизвикувајќи бурна реакција од Интер поради играњето на рака на Адриен Рабио во текот на акцијата, слична ситуација каква што имаше и на мечот со Сампдорија пред една недела.
„Веќе не им бев потребен по тој момент. Почнаа да ме иритираат, и наместо да добијам картон, решив дека треба да заминам. Играчите знаеја што прават. Секогаш е тешко да се изненади Интер на домашен терен, се работеше за физички меч и требаше да дадеме повеќе голови. Не ме лутете со прашања за голот. Судиските одлуки мораат да бидат прифатени, какви и да се. Не се жалевме по мечот со Салернитана, а на првиот меч против Интер ни поништија гол бидејќи не можеа да утврдат дали имаше играње со рака. Јуве во тој смисол се џентлмени, не сакаме да правиме проблеми. Зборувајте за фудбалот, не за судиите. Ако ВАР го поништеше овој гол тоа ќе беше субјективна одлука. Медиумите правите ваква атмосфера со вашите прашања“, вели Алегри.
“Gli episodi vanno accettati nel bene e nel male, noi siamo signori e non facciamo tanto casino”
✍️ Max #Allegri#InterJuve pic.twitter.com/8Xoya1xJyx
— GOAL Italia (@GoalItalia) March 19, 2023
Јуве го победи Интер со контроверзен гол!