Утрински Весник
Спорт

Атаман во болница со пневмонија!

Атаман во болница со пневмонија!
Ss2

Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман е хоспитализиран во Истанбул со пневмонија, потврди турскиот клуб, кој додаде дека тој ќе остане на болничко лекување.

dobivaj vesti na viber

Еден од најискусните турски тренери, имал симптоми за време на мечевите од Евролигата против Реал Мадрид и Партизан, но решил да остане на клупата и покрај советот на лекарите, но сега сигурно ги пропушта мечевите во домашниот шампионат, но и на клучниот меч против Алба Берлин во Евролигата.

„Нашиот тренер Ергин Атаман на почетокот на неделата доби инфекција на дишните патишта, по што земаше лекарства за да го води тимот против Реал Мадрид и Партизан. По тестовите во петокот, поради влошените симптоми, тој доби и запаление на белите дробови и ќе продолжи со болничко лекување“, се вели во соопштението на актуелниот шампион во Евролигата.

Ss1

Можете да прочитате

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона