Утрински Весник
Свет

(Видео) Расте бројот на загинати во Еквадор: многу луѓе се затрупани, се трага по преживеани

(Видео) Расте бројот на загинати во Еквадор: многу луѓе се затрупани, се трага по преживеани

Најмалку 15 загинати и 126 повредени по силниот земјотрес што вчера го погоди Еквадор, соопшти Националната служба за управување со катастрофи.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, уништени се и 50 куќи, пренесе агенцијата ТАС С.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 85 километри, на околу 17 километри југозападно од градот Наранхал со 32.000 жители.

Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во 13 од 24-те провинции на Еквадор.

Можете да прочитате

Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината

Бербок: Мировни сили на ООН би можеле да го гарантираат мирот во Украина

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа