Утрински Весник
Магазин

Сопственик на куќа поставил замка за возачите кои паркираат пред неговиот влез

Сопственик на куќа поставил замка за возачите кои паркираат пред неговиот влез

Сопственик на куќа во Велика Британија поставил голем камен како стапица за возачите кои паркираат на неговиот премин. Видеото е објавено на ТикТок и за кратко време стана вирално.

dobivaj vesti na viber

На двете видеа се гледа како автомобилите се обидуваат да се свртат и да го заобиколат макенот, но на крајот удираат во него и си го оштетуваат возилото. Иако возачите ги оштетиле возилата на тој камен, интересно е што во коментарите под видеото луѓето ја изразуваат својата поддршка за ваквиот начин на справување со возачите кои паркираат на туѓе место.

„ Веднаш набавувам камен“, „Најдобар начин да не го оштетите вашиот автомобил е да избегнете паркирањето на туѓ приватен имот. Едноставно е“, „Кој им дал на овие луѓе возачка дозвола?“, „Ова е одлично“ , „Ги сакам овие видеа“, „ Би можел да го гледам ова цел ден“, се само дел од коментарите.

Можете да прочитате

Американска единица им нуди на војниците бесплатни денови за играње видео игри ако го продолжат договорот

Започнува Runfire Salt Lake Ultra Trail на бескрајната белина на Соленото Езеро

Зошто постојано го проверуваме телефонот и како да ја контролиме навиката?