Утрински Весник
Македонија

Заедничка контрола на полицијата и инспекторатите во угостителски објекти на подрачјето на Гостивар, констатирани неправилности, изречени соодветни казни

Заедничка контрола на полицијата и инспекторатите во угостителски објекти на подрачјето на Гостивар, констатирани неправилности, изречени соодветни казни

Во текот на претходната ноќ од страна на полициски службеници на Бирото за јавна безбедност при МВР во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот инспекторат за труд (ДИТ) спроведена е заедничка контрола во угостителски објекти во Гостивар.

dobivaj vesti na viber

За време на контролата во еден од угостителските објекти од страна на ДПИ констатирани се неправилности по Закон за заштита од пушење, од страна на УЈП е констатирано неиздавање фискални сметки, а од ДИТ затекнато е едно лице на работно место без содветни документи.

Полициски службеници затекнале едно женско лице, странски државјанин, без регулиран престој и соодветни документи, кое е предадено на инспектори за странци за понатамошна постапка.

Во друг угостителски објект изречени се глоби поради констатирани неправилности од страна на ДПИ, УЈП и ДИТ, меѓу кои неиздавање на фискални сметки, непоседување книга за дневен извештај, непочитување на Законот заштита од пушење во затворен дел од објектот и др.

Неправилности од страна на УЈП во врска со неиздавање на фискални сметки, непоседување на фискална каса и книга со извештаи се констатирани во уште еден угостителски објект во Гостивар, за што ќе бидат изречени парични глоби.

Во истиот објект се затекнати осум лица кои непријавени вршат угостителска дејност за што ќе следува казна.

За време на акциската контрола, на подрачјето на Гостивар беа затекнати пет возачи кои управуваа возило под дејство на алкохол, истите се исклучени од сообраќај и издадени им се соодветни платни налози.

Притоа, констатирани се девет останати прекршоци, кои се законски санкционирани.

Можете да прочитате

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства