Утрински Весник
Спорт

Нагелсман се жали дека има крт во тимот

Нагелсман се жали дека има крт во тимот

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман е многу лут поради фактот што непознато лице ги открило тактичките планови на тимот во пресрет на натпреварот против Бохум на 11 февруари.

dobivaj vesti na viber

Баерн го доби натпреварот со 3:0, но Нагелсман не го заборави тоа, па пред гостувањето кај Баер Леверкузен во недела, им се пожал на новинарите.

„Кртовите се заштитен вид. Секогаш кога ќе возите во баварската област, ќе видите 80 илјади легла на кртови. Не можете да се ослободите од нив, затоа потрагата по крт е многу комплицирана. Нервозен сум. Што добива таа личност со тоа што ќе ги открие моите планови? На што се надева? Се обидувам да откријам кој е мотивот, но не можам“, рече Нагелсман и дополни.

„Важно ми е ноќе да можам да се погледнам во огледало бидејќи добро се однесувам со играчите и колегите тренери. Се надевам дека таа личност нема да може да се погледне во огледало. Со години размислувам како да ги реализирам моите идеи и како да ги подготвам играчите. Ако таа личност која ги открива нашите тајни сака да ми наштети, тогаш нека биде така.“

По 24 одиграни кола, Баерн е лидер во Бундеслигата со 52 бода, два повеќе од Борусија Дортмунд. Во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Баварците ќе се сретнат со Манчестер Сити.

Можете да прочитате

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција

Златната топка на Марадона оди на аукција, се очекуваат милиони

Одбиена жалбата на Нотингем Форест