Обвинителите во Мексико во петокот потврдија дека шест жени кои исчезнаа на 7 март биле убиени и нивните тела запалени од банда вооружени мажи.
Тоа беше едно од најголемите колективни убиства на група жени во последните години во Мексико.
Имено, жените исчезнале на почетокот на месецов на пат во близина на градот Селаја во земјоделската и индустриска мексиканска држава Гуанахуато. Роднините се надевале дека ќе бидат пронајдени живи.
Но, државниот обвинител Карлос Замарипа во петокот рече дека експертите пронашле скелетни остатоци „речиси целосно изгорени“ во четвртокот.
ДНК тестовите се поклопија со петте исчезнати жени, а беа направени и повеќе тестови.
Оружје, експлозиви и илјадници дози дрога се пронајдени на имотот, изјавил државниот обвинител.
На еден од имотите било пронајдено и тело на машка жртва на киднапирање, завиткано во пластика.
Замарипа рече дека 14 мажи биле уапсени.
Најмалку петмина од осомничените биле од северната погранична држава Тамаулипас, а еден од нив од Хондурас,пренесе Курир.рс.