Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на здравствена, економска и енергетска криза докажа што значи вистинска грижа за сите граѓани. Преку одговорен и домаќински пристап обезбеди помали сметки, а поголеми пензии и плати. Просечната плата во државата, за пет години порасна за 44 проценти и се искачи на 34.364 денари. Минималната плата од нецели 9.000 денари во 2017 година, достигна износ од 20.175 денари,се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека сите 330.000 пензионери од овој месец добиваат пензии зголемени за 8,4 отсто, а веќе во септември ги очекува ново усогласување на пензиите.
Истовремено Владата предводена од претседателот Ковачевски, со замрзнување на цените на лебот, тестенините, млекото и млечните производи, ги намали сметките на домаќинствата и обезбеди олеснување за семејните буџети.
Со субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја домаќинствата плаќаат само 20 проценти од потрошената електрична енергија.
За СДСМ граѓаните се на прво место, неуморно работиме на подобрување на животот и стандардот на народот, се вели во соопштението.