Утрински Весник
Свет

Грчки ветеринари се борат да спасат млад тигар пронајден во отпад

Грчки ветеринари се борат да спасат млад тигар пронајден во отпад
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Грчките ветеринари се борат да спасат бело тигарско младенче оставено во корпа за отпадоци во зоолошката градина во Атина, за кое се верува дека е жртва на нелегална трговија со диви животни.

dobivaj vesti na viber

Тримесечниот бел тигар бил пронајден под корпа за отпадоци на паркингот во Зоолошката градина Атика на 28 февруари од чистачка, која го известила сопственикот на зоолошката градина, објави Ројтерс.

Основачот на зоолошката градина Жан-Жак Леже изјави дека ова е прв пат вакво животно да биде фрлено пред нивната зоолошка градина.

„Имавме неколку случаи на фрлени животни, но обично тоа се напуштени миленичиња – кученца, мачиња, желки, но тигар никогаш“, рече тој.

На снимката од безбедносната камера на зоолошката градина се гледа како возило пристигнува до кантите претходната ноќ пред полноќ.

„Властите се обидуваат да влезат во трага на регистарските таблички“, рече Легер.

Животното било изнемоштено и дехидрирано и во тешка состојба.

„Кога првпат го видов младенчето, не можев да верувам што гледам пред мене, искрено не можев да верувам дека животното е во таква состојба“, изјавил ветеринарот од зоолошката градина.

Можете да прочитате

Мјанмар ги одржува првите парламентарни избори по воениот удар во 2021 година

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура