Утрински Весник
Свет

Одбила договорен брак, па завршила мртва во контејнер, трагична судбина на 20-годишна студентка

Одбила договорен брак, па завршила мртва во контејнер, трагична судбина на 20-годишна студентка

Мухамед Тарус Кан (53) беше осуден на доживотен затвор со минимална казна од 25 години за убиството на неговата внука Сомаја Бегум (20) во Хардфорд, Велика Британија, во јули минатата година.

dobivaj vesti na viber

„Гревот“ на Сомаја бил што го одбила принудниот брак што и го договорил со еден од нејзините роднини.

Во текот на судењето беа презентирани многу докази, а клучна беше снимката од безбедносната камера на која се гледа како Кан го вози телото на Сомаја со автомобил до бродскиот контејнер, во кој потоа го фрли.

На видеото се гледа како Кан го отвора контејнерот додека носи ракавици, а неколку часа претходно камерите ја снимиле и Сомаја како оди во правец на нејзиниот дом.

Сомаја, студентка по биомедицина на Универзитетот Лидс Бекет, беше пронајдена мртва по еднонеделна полициска потрага во јули минатата година.

Нејзиното тело било завиткано во подлога врзана со конец, а била пронајдена на улицата Фицвилијам, односно делот од него што се користи како депонија.

Обвинителот изјави дека телото било пронајдено 11 дена по убиството.

Телото било во распадната состојба, па не било лесно да се утврди што ја предизвикало нејзината смрт, се додека не била откриена повреда на десната страна од градниот кош, за која било утврдено дека е предизвикана од сечило долго 11 сантиметри.

Сомаја живеела со баба и и дедо и откако нејзините родители и забраниле да се врати дома бидејќи таа ја одбила понудата на нејзиниот татко да се омажи за нејзин братучед во Пакистан кога имала само 16 години.

За време на изрекувањето на пресудата, судијата ја опиша Сомаја како интелигентна млада жена со посебен дух и храброст, а му се обрати и на Кан.

„Никогаш нема да дознаеме што се случи на улицата Бини на 25 јуни, но верувам дека ја убивте вашата внука помеѓу 15:30 и 17:00 часот тоа попладне. Дојдов до тој заклучок врз основа на сите докази за нејзините движења и употреба на нејзиниот мобилен телефон.„Ја убивте Сомаја, го ставивте нејзиното тело во автомобил и го однесовте во контејнер, каде што го оставивте преку ноќ. Знаеме дека целта на вашето доаѓање на улицата Фицвилијам беше да најдете место каде што сакавте да го фрлите нејзиното тело“, рече судијата.

Обвинителот пред изрекувањето на пресудата рече дека смртта на Сомаја била трауматична.

Кан се изјасни за виновен за фрлање на телото, како и за уништување докази, но негираше дека ја убил.

Доказите презентирани пред поротата беа повеќе од доволни за да се осуди вујкото на Сомаја за нејзиното убиство,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење