Утрински Весник
Свет

Расправија поради „Тик-ток“: Пекинг го обвини Вашингтон за ширење дезинформации, бара докази

Расправија поради „Тик-ток“: Пекинг го обвини Вашингтон за ширење дезинформации, бара докази

Кина денеска ја обвини Америка за ширење дезинформации и притисок врз „Тик-ток“ по појавувањето извештаи дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги повикува сопствениците да го продадат својот удел во апликацијата.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, објави дека Америка допрва треба да презентира докази оти „Тик-ток“ ја загрозува националната безбедност. Според нив, Вашингтон ги злоупотребува своите овластувања и врши притисок врз странски компании под изговор за безбедноста на податоците, пренесе АП.

„Америка треба да престане да шири дезинформации за безбедноста на податоците и да врши притисок врз компанијата и да обезбеди отворена, фер и недискриминаторска средина за странските бизниси да инвестираат и да работат во таа земја“,  нагласи Ванг.

„Тик-ток“ го отфрли извештајот на американскиот дневен весник „Волстрит џурнал“, во кој се наведува дека Комитетот за странски инвестиции во САД, кој е дел од Министерството за финансии, се заканува дека ќе ја откаже апликацијата доколку сопствениците на „Бајт денс“ од Пекинг не се откажат од компанијата.

Портпаролката на „Тик-ток“, Морин Шанехан, рече дека ако целта е да се заштити националната безбедност, промената на сопствениците нема да го реши проблемот.

Таа нагласи дека со промената на сопственикот нема да се воведе нова забрана за проток на информации или пристап.

Според неа, „Тик-ток“ веќе одговорил на загриженоста преку транспарентни системи за заштита на податоците на корисниците кои се во САД и со силен надзор од трета страна.

Американскиот дневен весник „Волстрит џурнал“ се повика на неименуван извор.

Кон крајот на февруари Белата куќа им даде на сите федерални агенции 30 дена да го отстранат „Тик-ток“ од официјалните уреди.

Можете да прочитате

Во италијанско пристаниште запленети 250 килограми кокаин од Еквадор

Aстразенека горда на својот придонес за ставање крај на пандемијата: Само во првата година спасени над 6,5 милиони животи

Протест за Газа пред универзитетот во Амстердам, студентите поставуваат блокади