Утрински Весник
Свет

Масовен протест во Будимпешта: Илјадници студенти и наставници бараат реформи и подобри услови

Масовен протест во Будимпешта: Илјадници студенти и наставници бараат реформи и подобри услови

Илјадници студенти, наставници и противници на владата протестираа во Будимпешта барајќи реформи во образовниот систем и подобри услови за просветните работници.

dobivaj vesti na viber

Протестот наречен „марш на слободата“, беше повикан од синдикатите на образовните работници и студентските организации, кои со месеци вршат притисок врз унгарската влада да обезбеди зголемување на платите и укинување на законот со кој се ограничува правото на штрајк на наставниците.

Демонстрантите извикуваа слогани како „без наставници нема иднина и штрајк е основно право додека се движеа по една од главните улици во Будимпешта.

Студентски групи и наставници се вклучија во штрајкови, прекин на часовите и други акти на граѓанска непослушност во последниве месеци, откако владата не ги исполни нивните барања, што доведе до отпуштање на неколку наставници, според АП.

Можете да прочитате

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска

Над 750 американски војници ранети во операциите против Иран

Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% велат научниците