Утрински Весник
Економија

Кредитот од 50 милијарди франци не се доволни за „Кредит Свис“, смета американската „Џеј-Пи Морган“

Кредитот од 50 милијарди франци не се доволни за „Кредит Свис“, смета американската „Џеј-Пи Морган“
Dik 300x250 mk

Американската финансиска институција „Џеј-Пи Морган“ оцени дека најверојатното сценарио е мултинационалната банка „УБС Груп“ во Швајцарија да ја преземе банката „Кредит Свис“.

dobivaj vesti na viber

Тешката положба на таа банка доведе до сомневања за стабилноста на целиот финансиски пазар во светот.

Коментирајќи ја одлуката на швајцарската национална банка (СНБ) да обезбеди помош за ликвидност на „Кредит Свис“ во износ од 50 милијарди франци, „Џеј-Пи Морган“ забележува дека тоа „не е доволно“.

Сепак, акциите на „Кредит Свис“ пораснаа за повеќе од 30 отсто откако банката објави дека ќе позајми 50 милијарди швајцарски франци (54 милијарди долари) од Швајцарската национална банка. „Кредит Свис“ објави дека ќе користи заем од централната банка преку кредитен фонд за да ја подигне својата ликвидност.

Акциите на банката вчера паднаа за 24 отсто, откако соопшти дека нашла „слабост“ во своето финансиско известување. Тоа предизвика општа распродажба на европските пазари и страв од поголема финансиска криза.

Швајцарската национална банка, која е централна банка на Швајцарија, и швајцарската управа за надзор на финансискиот пазар се обидоа да ги смират стравувањата на инвеститорите, велејќи дека се подготвени да 1 помогнат на „Кредит Свис“ доколку е потребно.

Можете да прочитате

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје